Дома Фудбал Додека Реал Мадрид го демолираше Монако, сите гледаа кон трибините: Се појави неочекуван гостин (Видео)

Додека Реал Мадрид го демолираше Монако, сите гледаа кон трибините: Се појави неочекуван гостин (Видео)

Реал Мадрид конечно одигра натпревар каков што сакаат неговите навивачи и во седмото коло на Лигата на шампионите го декласираа Монако со резултат од 6:1. Тоа беше рапсодија на Кралевите која навивачите ја наградија со аплауз.

Изгледа дека Реал се буди и полека излегува од кризата, а ова секако му дава олеснување на новиот тренер Алваро Арбелоа.

Пред почетокот на натпреварот, камерите на Сантјаго Бернабеу уловија изненадувачки гостин. Поранешниот тренер на Реал Карло Анчелоти очигледно не може без својот поранешен клуб.

Овој 66-годишен тренер замина во селекторски води и ја презеде репрезентацијата на Бразил.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…