Дома Фудбал Интер воспостави контакт со светскиот шампион

Интер воспостави контакт со светскиот шампион

Интер е во потрага по нов голман кој ќе го замени Јан Зомер за следната сезона и ја започна комуникацијата со Емилијано Мартинез од Астон Вила.

Управата на миланскиот тим му пренесе на аргентинскиот голман, светскиот шампион од 2022, дека го сакаат во своите редови. Ова е само почетен чекор во преговорите, кои ќе треба да се конкретизираат во периодот што следи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За да се пресели во Интер, Мартинез ќе треба да се согласи на намалување на платата во споредба со онаа што ја добива во Астон Вила. Нераѕурите не сакаат да ги надминат финансиските граници кои се поставени внатре во клубот.

Според италијанските медиуми, искусниот голман ќе треба да се откаже од дел од своите примања за да ја замени Англија со Италија, и останува да се види дали ќе се согласи на тоа.

– Интер бара замена за Зомер. Постои потесен список на кој е и Мартинез. Последните часови беа одбележани со разговори, а Интер јасно стави до знаење дека Мартинез е на таа листа, но не сакат да ги надмине платните граници. Мартинез добро заработува во Астон Вила и останува да се види дали ќе се согласи на намалување. За Интер, тој е опција – објави експертот за трансфери, Џанлука ди Марцио.

Мартинез е во Астон Вила од 2020 година, откупен за 17,4 милиони евра од Арсенал. Веќе шест години е стандарден дел од тимот на “Вила Парк”, а оваа сезона одигра 21 натпревар, 18 во Премиер лига и три во Лига Европа. Има и 57 настапи за Аргентина, беше клучен на Светското првенство во 2022 година, а неговата интервенција против Коло Муани, во продолжението при резултат 3:3, ќе остане засекогаш во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од револуцијата: Нема да се имплементира офсајд-правилото на Венгер

Меѓународната организација на фудбалски федерации го одби предлогот за промена на правилот…