
Македонската ракометна репрезентација во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонските ракометари во текот на целиот натпревар беа во резултатска предност која на полувремето изнесуваше плус четири голови, а во неколку наврати достигнуваше и највисоки плус пет.
Во второто полувреме не успеавме да го одржиме тоа темпо и како што одминуваа минутите како да губевме сили, Романија од „минута во минута“ ја „топеше“ нашата предност.
Романците го реализираа последниот напад за израмнување 23-23 на седум секунди до крајот, кои, сепак, беа доволни за брз напад на македонската репрезентација и реализација на десното крило Костески со звукот на сирената за конечни 24-23.