Дома Останати Ракомет Еве како досега сме играле против Романија!

Еве како досега сме играле против Романија!

Македонската ракометна репрезентација досега има одиграно шест официјални натпревари против Романија, сите во рамки на квалификациски циклуси или бараж-дуели за пласман на Европско и Светско првенство. Билансот меѓу двете селекции е израмнет – по три победи за секоја, но со подобра гол-разлика за македонскиот тим.

Првиот дуел се случи во 1997 година, во квалификациите за Светското првенство. На домашен терен во Скопје, Македонија забележа убедлива победа од 35-22, која и денес останува највисок триумф против Романија. На реваншот во Орадеа, Романија возврати со победа од 32-25.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следните пресметки се одиграа дури во 2018 година. Македонските ракометари повторно беа сигурни на домашен терен, славејќи со 32-24, додека на гостувањето во Клуж доживеа минимален пораз од 26-25.

Последните два официјални натпревари меѓу двете селекции се одиграа во квалификациите за Светското првенство 2023. Во март 2022 година, Македонија повторно го искористи домашниот терен и славеше со 30-22 во Скопје, додека на реваншот во Букурешт, Романија триумфираше со 24-22.

Вкупниот биланс од шестте натпревари покажува дека Македонија постигна 169, а прими 156 голови, што ја потврдува големата неизвесност во дуелите меѓу овие репрезентации. Следниот пресметка меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во рамки на третото коло од првата групна фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија мора да ја победи Романија, па да чека услуга од Данска

Македонска ракометна репрезентација денеска ќе се соочи против Романија во третото коло од…