
Неверојатни тврдења доаѓаат од Англија, и тоа од многу познатиот новинар Ричард Кис кој тврди дека Гвардиола до крајот на неделата може да го напушти Манчестер Сити, и тоа поради поразот од Манчестер Јунајтед.
Тимот на Гвардиола беше поразен со 0-2 на гости кај Манчестер Јунајтед, а головите за победата ги постигнаа Мбеумо и Доргу.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова беше идеален старт за Мајкл Керик на клупата на Манчестер Јунајтед, додека за Пеп Гвардиола тоа беше голем удар во борбата за првото место.
Сити оваа сезона го доживеа петтиот пораз во Премиерлигата и сè уште нема победа во лигата во 2026 година.
Гвардиола одлучи да признае дека Манчестер Јунајтед беше подобра екипа, и дека неговите играчи не покажаа многу на овој натпревар.
Манчестер Сити сега по 22 одиграни натпревари во Премиерлигата има седум бодови помалку од лидерот, екипата на Арсенал.
На Гвардиола никогаш не му се случило да има две врзани сезони без освојување на титулата во целокупната менаџерска кариера.
Според тврдењата на Кис, тоа нема да се случи, иако првичните тврдења беа дека Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити дури на крајот на сезоната.
„Не го исклучувам тоа дека Пеп Гвардиола може да замине до крајот на неделава, постојат индикации и ако се случи тоа, Енцо Мареска веднаш би го заменил својот поранешен ментор за натпреварот против Вулверхемптон”, се тврдењата на Кис.