
Од доаѓањето во тимот на Баерн Минхен, Компани прави навистина феноменална работа со овој тим.
Сепак, во последно време Компани се соочува со проблеми бидејќи може да загуби неколку дефанзивци.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Така, тренерот на Баерн, според пишувањата на странските медиуми, започна да доведува нови дефанзивци, почнувајќи со играч на централната одбрана.
Според англиските медиуми, Компани сака оваа зима да го донесе во Баерн одличниот дефанзивец на Манчестер Сити, Џон Стоунс.
Него го посакуваат клубови од целиот свет, а договорот со Манчестер Сити му истекува на крајот од летото, па тој ги разгледува своите опции.
Најверојатно Стоунс е многу заинтересиран да замине во странство, а неколку клубови покажале голем интерес за неговите услуги.
Милан, Наполи, Комо и Атлетико Мадрид биле во контакт со претставниците на Стоунс, но токму Компани отишол чекор понатаму.
Имено, тој сака овој јануари да го донесе во Баерн и така да ја заврши зделката во поглед на проблемите со играчите на централната одбрана во тимот.