
Перез минатото лето одлучи да му даде отказ на Карло Анчелоти и на негово место да го доведе Чаби Алонсо, а Реал се заблагодари и на неколку искусни играчи кои заминаа од клубот, меѓу кои беше и Лука Модриќ.
Меѓутоа, Реал под водство на Алонсо не играше онака како што се очекуваше, поради што Перез пред седум дена одлучи да му даде отказ, што ги изненади многумина.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Алонсо го чини поразот во финалето на Суперкупот од Барселона, а моментално на неговото место е Алваро Арбелоа, кој ќе биде привремено решение додека Реал не најде нов тренер.
Веќе е познато дека Перез на клупата сака Јирген Клоп и е подготвен да го чека германскиот тренер до лето.
Исто така, претседателот на Реал е свесен дека поради сезонава која воопшто не е успешна, ќе мора да ги смири навивачите со неколку звончани засилувања, па повторно подготвува огромна сума за трансфери.
Шпанските медиуми наведуваат дека Перез веќе решил кој ќе биде првото летно засилување на Реал Мадрид, и клубот ќе потроши „само“ десет милиони евра.
Станува збор за Нико Паз, кој игра одлично за Комо, па Перез одлучи да ја искористи клаузулата од договорот на лето и да го откупи овој Аргентинец за десет милиони евра.
Претседателот на Реал веќе потврди дека Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид на лето, бидејќи го воодушеви со игрите во Комо, и тој не сака да ја пропушти шансата да го врати во клубот за само десет милиони евра.