
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, постигнал усмен договор за негово преминување во Жирона, ексклузивно известува Фабрицио Романо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Германецот ќе се пресели кај жиронците на заем до крајот на сезоната. Двата клуба исто така постигнале договор и се очекува зделката да биде завршена до крајот на оваа седмица.
До летото, чуварот беше еден од најважните играчи во составот на каталонците и еден од капитените на тимот. Односите помеѓу Марк-Андре тер Штеген и раководството на клубот се влошија нагло во летото, кога на „Камп Ноу“ беше привлечен Жоан Гарсија од Еспањол и веднаш беше назначен како нов број еден. Германскиот репрезентативец јавно го изрази своето разочарување од тоа што не бил информиран за тие одлуки и одби да замине. Набргу потоа, чуварот се подложи на операција и отсуствуваше во поголемиот дел од есенскиот полусезон.