
Заминувањето на Марк Геји, кој се согласи да се приклучи на Манчестер Сити овој јануари, остави празнина во таборот на Ливерпул.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ибрахима Конате ќе остане без договор по завршувањето на сезоната, и неизвесно е дали тој ќе биде продолжен иако постои понуда. Формата му е под знак прашање оваа сезона, а тоа се однесува и на Вирџил ван Дајк.
Италијанецот Џовани Леони целосно е надвор од игра поради сериозна повреда на коленото, што го прави неопходно за тимот да бара дополнителен врвен дефанзивец во ротацијата.
Затоа, Ливерпул го насочи вниманието кон уште еден Италијанец – Алесандро Бастони. Оваа вест ја пренесе доверлиот инсајдер Дејвид Орнстајн, истакнувајќи дека понуда сè уште не е поднесена, но дека тој е интересен за спортскиот сектор на клубот.
Бастони години наназад е еден од најдобрите дефанзивци во Европа, а неговиот договор со Интер важи до 2028 година. Бидејќи Интер претстојат големи промени во составот на тимот летово, нема лесно да се откаже од услугите на играч кој е клучен во нивната одбрана.
Сепак, Интер во моментот нема други играчи кои би можеле да ги продадат за слична цена, и се шпекулираше околу бројки од 80,000,000.
🚨 Ливерпул го идентификуваше Алесандро Бастони како врвен центарбек цел по заминувањето на Марк Геји, кој е на пат кон Манчестер Сити.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 19, 2026
26-годишниот има уште 2.5 години во неговиот договор со Интер Милан и сака да си ја проба среќата во странство. 🇮🇹
Име кое високо стои на листата за Ливерпул… pic.twitter.com/DjwmX12o3X