Дома Останати Ракомет Ремито со Португалија е важно и за во иднина, но – ништо нема да значи ако не се победи Романија!

Ремито со Португалија е важно и за во иднина, но – ништо нема да значи ако не се победи Романија!

Епилогот од дуелот со Португалија со право беше дочекан како охрабрувачки сигнал во домашната јавност. Освоениот бод добива уште поголема тежина ако се знае дека дојде по камбек од минус пет и со две клучни интервенции на Томовски во самиот финиш. Но, реалноста е јасна – ремито ќе вреди само ако биде надградено со победа против Романија и пласман меѓу првите три во групата.

Сценариото од соништата е второто место, веднаш зад Данска. За таков расплет ќе ни треба убедлив триумф над Романците и убедлив пораз на Португалија од домаќинот, при што вкупната гол-разлика од двата натпревари мора да биде најмалку 17 гола. Математика која постои, но е тешко остварлива.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Затоа, далеку пореалната и минимална цел е победа над Романија, која автоматски значи трето место во групата и сигурен пласман меѓу 16-те најдобри селекции на шампионатот. Таков исход би ни донел само еден бараж за Светското првенство во Германија следната година и, многу веројатно, статус на носител на ждрепката.

Неуспехот, пак, носи сосема поинаква слика, четврта позиција во групата, конечен пласман меѓу 18. и 24. место на првенството и два бараж-натпревари, со дополнителен хендикеп да не бидеме носители во вториот.

Токму затоа, дуелот во вторник не е само уште еден натпревар. Тој е клучна пресвртница што може да ја одреди не само сегашната слика, туку и идниот пат на македонската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Стефанов се огласи и испрати порака до ракометарите!

По големото реми на македонската ракометна репрезентација против Португалија (29-29), со с…