
Изгледа дека Винисиус Жуниор нема да остане уште долго во Реал Мадрид!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако на последниот натпревар против Леванте публиката го дочека со свирежи, Винисиус ги известил своите агенти да ги стопираат преговорите со клубот.
Бразилецот веќе неколку месеци е во преговори со клубот за продолжување на договорот, но во моментов не изгледа дека е спремен да остане.
Според мадридските медиуми, по силните свирежи во саботата, Винисиус на своите агенти им кажал дека „не сака да биде таму каде што не е посакуван и каде што му свират навивачите“.
Винисиус веќе подолго време е на мета на критики од навивачите незадоволни од неговото однесување во последните месеци.
Дополнително, Бразилецот последните месеци е во слаба форма и имаше конфликти со Чаби Алонсо, па целата ситуација сугерира дека ваквиот развој на настаните не е неверојатен.
Да потсетиме, Винисиус веќе има понуди од Саудиска Арабија, но засега нема намера да ја напушти Европа.
Ќе го следиме развојот на ситуацијата, бидејќи во наредните месеци најверојатно ќе има многу изненадувања…