Дома Останати Ракомет Лазаров: Ќе ја совладавме Португалија ако не беше црвениот картон и повредите на стартот!

Лазаров: Ќе ја совладавме Португалија ако не беше црвениот картон и повредите на стартот!

Македонската ракометна репрезентација ремизираше против Португалија (29-29) во второто коло од Европското првенство (ЕП).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот Кире Лазаров кажа дека Македонија можела и до победата, доколку не ѝ се случеа проблемите на стартот на средбата.

„Ги загубивме двете крила уште на старотот, но и нашиот искусен играч со црвен картон. Сè што имавме планирано се растури и се создаде хаос пред крајот на првото полувреме. Вториот дел не почна најдобро, но ја најдовме точната форма и стигнавме до реми. Во еден момент, во наши разговори пред мечот со Данска, им реков да се борат до крај зашто ќе е важен секој гол бидејќи можно беше да се одигра со Португалија. Токму тоа и се случи. Треба малку да се смириме, да одмориме и утре нема да тренираме. Сакам да се одморат играчите, да видиме што ќе се случи со повредените ракометари и да видиме што ќе ни треба за победа“, кажа Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го соопшти распоредот за подготовки за новата сезона!

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, ги објави деталите за летните подготовки пред н…