
Македонската ракометна селекција одигра нерешено против Португалија (29-29), но сепак имаме за што да жалиме бидејќи можевме да дојдеме до триумф.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, сепак на одмор заминавме со негатива од два гола (15:13).
Второто полувреме не го отворивме добро, но сепак не дозволивме Португалија да се одлепи, а на крајот гледавме вистинска драма.
Последниот напад на Португалија траеше премногу долго, а во тие моменти голманот Мартин Томовски имаше две одбрани за конечни 29:29, но Серафимов не успеа да ја задржи топката за да имаме напад за победа.
Фото: РФМ