Дома Фудбал Перез директно му помогна на Лапорта да биде таму каде што е денес, но потоа доби нож во грб!

Перез директно му помогна на Лапорта да биде таму каде што е денес, но потоа доби нож во грб!

Неверојатна приказна за доаѓањето на Жоан Лапорта на чело на Барселона открива позадина каква ретко се среќава во светот на врвниот фудбал. Според пишувањето на шпанскиот портал “El Confidencial”, клучна улога во тој процес имал Флорентино Перез, претседателот на најголемиот спортски ривал на Барселона – Реал Мадрид.

Во моментот кога се одржуваа претседателските избори во Барселона, клубот се наоѓаше во исклучително тешка финансиска состојба. Долговите беа во раст, а довербата на финансиските институции беше сериозно нарушена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За да може да ја преземе функцијата претседател, Лапорта мораше да обезбеди банкарска гаранција и да депонира дури 124,6 милиони евра на сметка на клубот. Тоа беше износ што Лапорта тогаш не го имаше на располагање.

Токму тогаш во целата приказна влегува Флорентино Перез. Според шпанските извори, тој лично стапил во контакт со банката Сабадел за да помогне да се реши проблемот.

Банката Сабадел во почетокот беше многу внимателна. Барселона беше во финансиска криза и не можеше да понуди цврсти гаранции дека парите ќе бидат вратени во договорениот рок.

Сепак, Перез не се откажувал. Неговиот упорен инсистирање и влијание на крајот доведоа до тоа банката сепак да ја одобри уплатата потребна за кандидатурата на Лапорта.

Со тоа му беше овозможено на Лапорта да ги исполни формалните услови и да ја продолжи изборната трка. Без таа помош, прашање е дали воопшто ќе можеше да стане претседател на Барселона.

Причината поради која Перез го направил овој, на изглед, незамислив потег, беше политичка и стратешка. Во тој момент, Лапорта се сметаше за сојузник во проектот на Европската Суперлига.

Меѓутоа, ситуацијата наскоро се промени. Подоцна, Барселона реши да се повлече од Суперлигата, со што директно му го сврте грбот на проектот кој Перез силно го заговоруваше.

За претседателот на Реал Мадрид, тоа претставуваше големо разочарување. Откако му помогна на Лапорта во пресудниот момент, очекуваше лојалност и заедничко настапување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Кој го исвиркува претседателот, не го сака Реал Мадрид

Новиот тренер Алваро Арбелоа ја постигна првата победа како тренер на Реал Мадрид на својо…