Дома Фудбал Џеко се враќа во Германија и го засилува култниот клуб?!

Џеко се враќа во Германија и го засилува култниот клуб?!

Легендарниот босанскохерцеговски центарфор Един Џеко би можел оваа зима да се врати во германскиот фудбал, кој го напушти далечната 2011 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со Волфсбург, пред 17 години ја освои Бундеслигата, давајќи голем придонес на патот кон сензационалната титула на “волците”, а според преносите на германскиот “Скај спорт”, сега би требало да игра во Цвајта.

Како што се наведува, Џеко е во сериозни преговори со Шалке, лидерот на вториот ранг на германскиот фудбал, култниот тим кој последните години е во криза, но оваа сезона сака да се врати во Бундеслигата, каде што припаѓа.

Се очекува наскоро да се раздели со Фиорентина, а Шалке во него гледа идеално засилување кое би му помогнало сезоната да ја заврши на позициите кои водат во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез најави кога ќе активира „бомба“ за Реал Мадрид – доаѓа големо име во шпанскиот гигант

Флорентино Перез откри дека ќе го објави „првото големо засилување за следната сезона“ на …