Дома Фудбал Мурињо го одби Реал: „Не сметајте на мене, не гледам сапуници“

Мурињо го одби Реал: „Не сметајте на мене, не гледам сапуници“

Реал Мадрид има привремен тренер, но е јасно дека управата на клубот бара трајно решение по разделбата со Чаби Алонсо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите на Кралскиот клуб во саботата со континуирани свирежи на играчите искажаа што мислат за раскинувањето на соработката со легендарниот играч на Реал, а јасно е и дека на негово место нема да седне Жозе Мурињо.

Португалецот порача дека на него не сметаат и покрај тоа што медиумите на Иберискиот полуостров сметаат дека „Посебниот“ е еден од ретките кој има способност да ја промени судбината на Мадриѓаните.

„Не сметајте на мене за сапуници. Има добри сапуници, но се многу долги. Пропуштете една или две епизоди и тогаш ја губите нишката. Не сметајте на мене бидејќи не гледам сапуници“, истакна тренерот на Бенфика.

Мурињо ја предводеше екипата од „Сантијаго Бернабеу“ стадионот од 2010 до 2013 година.

Друго име што се спомнува е Јирген Клоп, но и Енцо Мареска, кој неодамна ја заврши соработката со Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историски преседан на ФИФА: Мундијал во две години!

Светското првенство во Саудиска Арабија во 2034 година би можело да донесе историски пресе…