
Арне Слот ги одброи своите денови во Ливерпул, секој навивач на „Црвените“ би се согласил со тоа.
Ремито против Барнли ја прели чашата кај секој навивач на Ливерпул, кои од вчера попладне, по неуспехот против уште еден повратник во Премиер лигата, масовно ја повикуваат управата да го доведе – Чаби Алонсо.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ќе се согласиме дека тоа некако и беше очекуваното сценарио, откако Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид и ненадејно стана достапен. Сите знаат дека Шпанецот беше првата желба на управата кога Јирген Клоп одлучи да си замине, но и Чаби Алонсо одлучи да остане уште една сезона во Баер Леверкузен, за да го наследи Карло Анчелоти.
Но, тоа беше само епизода во траење од шест месеци и Чаби Алонсо сега пак е на пазарот. Извори блиски до Шпанецот тврдат дека тој нема долго да чека за нова работа и дека е подготвен веднаш да го продолжи својот пат, кој извесно го води кон Ливерпул.
Бидејќи, тешко дека другите големи клубови ќе ги менуваат тренерите среде сезона, освен баш Ливерпул, кој очигледно веќе нема доверба во Слота.
Навивачите го кажаа своето – Чаби Алонсо и тоа што побрзо. Не заборавајте како Флоријан Вирц стана еден од најдобрите во светот под негово водство во Леверкузен и како овој тандем ја донесе историската и прва титула во овој град…