Дома Фудбал Лаутаро е страшен голгетер: Погледнете ја мајсторијата со која му донесе три бода на Интер (Видео)

Лаутаро е страшен голгетер: Погледнете ја мајсторијата со која му донесе три бода на Интер (Видео)

Фудбалерите на Интер однесоа значајна победа на гостувањето во 21. коло од Серија А, совладувајќи го Удинезе со резултат 1:0 на стадионот Фриули.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 20. минута, кога Лаутаро Мартинез извонредно се снајде во шеснаесетникот на домаќините, прими пас со пета од Еспозито и мајсторски ја погоди долната десна страна од мрежата, оставајќи го голманот Окоје без одбрана.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интер имаше неколку добри можности и пред тој момент, а веќе во 4. минута Лаутаро пропушти голема шанса кога беше еден на еден со Окоје, кој блесна со одлична интервенција. Ја загрози и Федерико Димарко, но без промена на резултатот.

Во продолжението на средбата, гостите во 61. минута ја затресоа мрежата преку Димарко, но голот беше поништен поради офсајд. До завршување на натпреварот, Интер рутинирано ги контролираше случувањата на теренот, додека Удинезе не успеа да пронајде начин за да израмни.

Со оваа победа, Интер додаде нови три бода на патот кон освојување на титулата, која сигурно ја држи и тешко е да се поверува дека некој би можел да ги спречи во трката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eве колку ќе треба да плати Иран, ако се откаже од Светското првенство

Додека сè уште се чека конечната одлука околу учеството на Иран во Светското фудбалско прв…