Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Ме прашуваат кога ќе дојде мојот крај…

Ѓоковиќ: Ме прашуваат кога ќе дојде мојот крај…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одржа воведна прес-конференција пред почетокот на Австралија Опен, првиот Гренд Слем турнир во сезоната.

Натпреварите од главниот ждреб на турнирот во Мелбурн почнуваат во ноќта меѓу сабота и недела, додека Новак ќе го игра својот натпревар од првото коло против Педро Мартинес дури во понеделник во вечерниот дел од програмата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Среќна Нова година на сите! Прекрасно е што сум повторно тука. Ова ми е 21-ви пат, што е неверојатно. Веќе 2005 година се квалификував овде за прв пат за слам, играв навечер на Род Лејвер Арена со Сафин, кој подоцна ја освои титулата. Долг и успешен пат. Секогаш сакам да играм во Австралија, не го нарекуваат Happy Slam залудно. Не ја земам здраво за готово ниту една можност, се надевам дека ќе извлечам максимум од себе”, рече Ѓоковиќ на почетокот на конференцијата.

Тој не сака да размислува за пензионирање и работи за кои би жалел ако го направи тој чекор.

„Не знам дали ќе се согласам со тоа. Некои спортисти жалат за тоа што можеби не постигнале некоја цел, но многумина од спортистите, барем оние што ги слушав, го ценат она што го постигнале. Сè е прашање на лична перспектива. Јас сум последниот кој треба да се жали, го урнав речиси секој рекорд, сум благодарен на тенисот за можноста да го живеам сонот, да патувам низ светот… Успесите се најголем мотив и водилка, но не е само тоа – интеракцијата со луѓето, љубовта кон играта, адреналинот кога се излегува на теренот, тоа е како дрога, мислам дека многу други спортисти се согласуваат со тоа. Често ме прашуваат кога ќе дојде крајот за мене, но уште не размислувам за тоа, тука сум и се натпреварувам. Кога тоа ќе созрее во мојата глава, ќе го споделам со вас, и тогаш можеме да зборуваме за проштална турнеја, но сега сум сè уште број четири на светот, се натпреварувам со најдобрите на светот, нема потреба за таа дискусија”, продолжи Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Ѓоковиќ го игра првиот натпревар во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го започне учеството на Австралијан опен во понеделник. …