
ПСЖ се врати на врвот во првенството Лига 1 благодарение на убедливата победа која ја извојуваа против Лил синоќа, завршувајќи со резултат 3:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Херој на натпреварот беше официјално признатиот најдобар фудбалер на светот, Осман Дембеле, кој постигна два гола, додека Баркола придодаде уште еден.
Особено се истакна вториот погодок на освојувачот на Златната топка, што го постигна во 64-та минута.
Нуну Мендеш ја пресече топката на средината и ја проследи до Дезире Дуей, кој го проигра Дембеле. Францускиот крилен играч беше опколен од четворица противници, но забележа дека противничкиот голман е надвор од позиција и го надмудри со извонреден лоб удар.
Со оваа победа, ПСЖ се искачи на врвот на табелата, барем до денес кога екипата на Ланс ќе го одигра својот меч.