Дома Фудбал Нови вести од соблекувалната на Реал: Арбеола не му беше пријатно кога вратите се отворија

Нови вести од соблекувалната на Реал: Арбеола не му беше пријатно кога вратите се отворија

Неодамна од клупата замина Чаби Алонсо, а клубот го назначи Алваро Арбеола за нов тренер.

Сепак, Арбеола имаше дебитантско искуство како од најголемите ноќни кошмари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во осминафиналето на Купот на кралот, Реал Мадрид сензационално беше поразен од второлигашот Албасете со резултат 3:2.

Шпанските медиуми се полни со наслови по таа натпревар, а некои пишуваат и за случувањата во соблекувалната на Реал.

Наводно имало доста нервоза на тренинг затоа што стигнал и првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Според некои пишувања на шпанските медиуми, Перез влегол во соблекувалната и разговарал со Арбеола и играчите.

Разговорот бил краток, а наводно Перез му дал поддршка на Арбеола додека е тука и верува дека клубот ќе излезе од кризава.

На Арбеола му се преокренала целата тренерска кариера преку ноќ бидејќи инаку е тренер на резервниот тим на Реал Мадрид, но откако Чаби Алонсо доби отказ токму него го поставија како привремено решение на клупата на првиот тим.

Сепак, младиот стручњак дури сега гледа колку е голем залакот што го земал во раце.

Јасно е дека Арбеола ќе биде тука само привремено додека не најдат некое долгорочно решение, но секако дека ни самиот не очекуваше дека неговото деби ќе биде толку катастрофално.

Навивачите сметаат дека е голема грешка да се постави тренер без искуство и се надеваат дека клубот што поскоро ќе најде ново име на тренерската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Де…