
Многу се зборува последните недели дека на крајот од сезоната Пеп Гвардиола би можел да се раздели со клубот Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гласините за изненадувачко заминување на легендарниот тренер следното лето продолжуваат, а сега се појави и информација за тоа кој би можел да го замени на клупата на клубот од Етихад.
Иако челниците на Манчестер Сити немаат ништо против и следната сезона на чело на нивниот тим да биде Гвардиола, изгледа дека Шпанецот смета дека е време за промени.
Во моментот, Манчестер Сити е втор на табелата во Премиер лигата со шест бода заостанување зад водечкиот Арсенал.
Покрај тоа, во игра се за освојување на Карабао купот, Лигата на шампионите, но и ФА купот.
Четири се потенцијални кандидати, но еден се истакнува пред останатите. Некогашниот тренер на Челси, Енцо Мареска, се наоѓа на оваа листа, исто како и тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Покрај тоа, тука е и клубската легенда, Винсент Компани, кој ја врши феноменална работа во Баерн и кој се допаѓа на челниците на тимот од Етихад.
Сепак, еден кандидат е пред споменатата тројка, а тоа е сегашниот тренер на Борнмут, Ираола.