Дома Фудбал Пеп не се шегува: Манчестер сити блиску до уште едно големо засилување во овој преоден рок!

Пеп не се шегува: Манчестер сити блиску до уште едно големо засилување во овој преоден рок!

Пеп Гвардиола нема лесно да се откаже од титулата во Премиер лигата, а јасно е дека има големи амбиции и во Лигата на шампионите.

Сепак, најголемиот предизвик за Гвардиола се повредите кои ги трпат неговите фудбалери.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Последниот проблем го предизвика повредата на Јошко Гвардиол, поради која ќе отсуствува неколку месеци.

Гвардиола веднаш се сврте кон фудбалскиот пазар, бидејќи јануарскиот трансфер прозорец е во тек и одлучи да реагира.

Откако Манчестер Сити неодамна го ангажира Семени, Гвардиола сака уште засилувања пред крајот на месецот.

Според најновите информации, Гвардиола е многу блиску до ангажирање на Гуехи во својот тим.

#Ексклузивно, Манчестер Сити е во напреднати преговори со Гуехи. Голема понуда е испратена во последните 12 часа.

Манчестер Сити ја презентира својата понуда на Гуехи во однос на договорот и спремен е да испрати понуда до Кристал Палас.

Договорот е веќе блиску до завршување”, тврди Романо.

Марк Гуехи влезе во последните шест месеци од договорот со Кристал Палас и ако не биде продаден овој јануари, на лето ќе замине како слободен играч.

Три клубови покажаа голем интерес за ангажирање на Гуехи на почетокот на јануари, а тоа се Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал.

Гуехи е производ на младинската школа на Челси каде што ја помина целата младинска кариера.

Беше на позајмица во Свонси, а Челси го трансферираше во Кристал Палас за 23,3 милиони евра во 2021 година.

Во овој клуб игра извонредно и дојде време да направи чекор напред во поголем клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…