Дома Останати Тенис Спектакл во Мелбурн: Федерер се врати на теренот и ја покажа класата (Видео)

Спектакл во Мелбурн: Федерер се врати на теренот и ја покажа класата (Видео)

Иако пред три и пол години официјално ја заврши својата професионална кариера, познатиот Швајцарец Роџер Федерер (44) покажа дека е сѐ уште во одлична форма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спектаклот за паметење го приреди еден од најголемите тенисери на сите времиња на публиката во полната Род Лејвер арена во Мелбурн.

Одигра еден тренинг тај-брејк со 13. тенисер во светот, Каспер Руд, и доминираше како во најдобрите денови.

На општо воодушевување на љубителите на тенисот ширум светот, 44-годишниот Федерер победи со резултат 7:2.

Навивачите на „Род Лејвер арената“ паднаа во транс, особено кога по одличниот сервис на Руд испрати совршена бекхенд паралела во аголот на теренот.

Враќањето на теренот на Роџер не сакаше да го пропушти ни неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ, кој беше фатен како во живо на стадионот го следи тенискиот шоу на познатиот Швајцарец.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз доби зелено светло за враќање: Еве каде ќе настапи!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Карлос Алкараз, конечно ги реши проблемите со повре…