
Аталанта го објави привлекувањето на напаѓачот Џакомо Распадори, кој пристигнува со трансфер од Атлетико Мадрид за вкупна сума од 23 милиони евра.
Голем интерес за него имаше од Рома и други италијански екипи, но Распадори одлучи да се врати во Серија А со тимот на Бергамо, каде ќе го носи дресот со број 18. Неговиот договор трае до летото 2030 година со плата од 3,5 милиони евра годишно.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Италијанскиот репрезентативец помина само половина сезона во Атлетико, кој го купи од Наполи за 22 милиони евра. 25-годишниот фудбалер не успеа да се наметне како стартер во тимот на Диего Симеоне, играјќи само 424 минути во 15 натпревари, каде постигна два гола и три асистенции.