Дома Фудбал Симеоне Јуниор потпиша нов договор со Атлетико Мадрид

Симеоне Јуниор потпиша нов договор со Атлетико Мадрид

Аргентинскиот фудбалер Џулијано Симеоне денес потпиша нов договор со мадридскиот Атлетико, информира шпанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Џулијано Симеоне го обнови договорот со нашиот клуб до 30 јуни 2030 година, што значи продолжување на обврската со Атлетико за уште две години, бидејќи неговиот претходен договор требаше да заврши во 2028 година“, стои во соопштението од мадридскиот клуб.

Симеоне (23) оваа сезона за тимот на кој тренер е неговиот татко Диего одигра 27 натпревари во сите натпреварувања и постигна три голови.

Тој настапуваше во младинската школа на Атлетико, по што беше префрлен во првиот тим, но потоа следеа позајмици во Сарагоса и Алавес.

Изгледа дека оваа сезона конечно се утврди и покажа својот квалитет во Атлетико Мадрид, затоа раководството на клубот реши да му даде постојана доверба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…