Дома Фудбал На маса 50 милиони и култниот дрес: Тарик Мухаремовиќ е единствената желба на великанинот!

На маса 50 милиони и култниот дрес: Тарик Мухаремовиќ е единствената желба на великанинот!

Иако италијанскиот Сасуоло нема намера да го пушти Тарик Мухаремовиќ во јануарскиот трансфер период. Тоа го потврди извршниот директор на клубот Џовани Карневали.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Мухаремовиќ дефинитивно нема да си замине во јануари. Останува тука до крајот на сезоната”, изјави тој.

Сепак, сумата која е подготвена да ја понуди Њукасл Јунајтед може да го промени мислењето на овој тим. Имајќи предвид дека ја загубија битката за Шпанецот Оскар Мингеса, „Стрелците“ целосно се насочија кон доведување на босанскиот фудбалер.

Тимот од Сент Џејмс Парк нема да штеди финансии. На маса се 50 милиони марки, односно околу 22 милиони фунти, и тоа е сума која е сосема сигурно привлечна и за самиот Сасуоло.

Со сигурност до крајот на јануарскиот трансфер период Италијанците ќе примат бројни запрашувања за 22-годишниот стопер. Интересот и сега е огромен, па иако тврдат дека не е за продажба, вистинската понуда може сè да промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез во Реал Мадрид носи дури пет ѕвезди на Манчестер сити!?

Реал Мадрид ќе доживее големи промени следната сезона, а очигледно истото ќе му се случи и…