Дома Фудбал Погледнете ја статистиката на Винисиус во историскиот срам на Реал Мадрид

Погледнете ја статистиката на Винисиус во историскиот срам на Реал Мадрид

Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Албасете приредија изненадување победувајќи го Реал Мадрид со 3:2 во осминафиналето на Купот на кралот.

Тоа беше деби од “кошмарите” за новиот тренер на Реал Алваро Арбејоле, и продолжение на катастрофалните денови за Кралскиот клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Реал во неделата загуби од Барселона во финалето на Суперкупот, потоа беше сменет тренерот Чаби Алонсо, а сега стигна и пораз од 17. тим на “Сегунда”. И тоа прв во историјата.

Мбапе не беше во составот на Реал, па улогата на главната ѕвезда ја презеде Винисиус, а можеби подобро ќе беше да не беше. Бразилецот разочара кога најмногу требаше и одигра ужасен натпревар, а поразот од второлигашот сигурно му е најтежиот во кариерата после поразот од Хрватска во Катар.

Бразилскиот напаѓач одигра 90 минути, имаше три удари кон голот, од кои само еден во рамките.

Она што посебно загрижува е податокот дека 23 пати ја изгуби топката, покрај сето тоа, два пати беше во офсајд, приказна како од кошмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…