Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја доби ждрепката за Австралија Опен: Синер го чека во полуфиналето, Алкараз дури во финалето

Ѓоковиќ ја доби ждрепката за Австралија Опен: Синер го чека во полуфиналето, Алкараз дури во финалето

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, воедно и најдобриот тенисер некогаш, ја има пред себеси учеството на Австралија Опен. Првиот Гренд слем во годината, донесе и ждреб, а би се рекло дека Ноле нема да има нималку лесна задача откако ги дозна своите ривали.

Новак Ѓоковиќ инаку е четврти носител на овој турнир, што автоматски значи дека не можеше да ги избегне ни Јаник Синер, а ни Карлос Алкараз, туку ќе мора да ги совлада обајцата доколку сака да го освои трофејот. Секако, под услов и тие да ги оправдаат улогите на фаворити.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во првото коло на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ ќе игра против Педро Мартинез, кој се наоѓа на 71. место на АТП листата, додека потоа ќе игра против Теренс Атман или еден од квалификантите. Секако, под услов Ѓоковиќ да помине понатаму.

Ноле во евентуално трето коло ќе се сретне со Брендон Накашима, Баустиста Агут или Ботик ван де Зандсхлуп, барем според проекциите.

Потоа, во евентуално четврто коло го чекаат Јакуб Меншик или Талон Грикспор, додека во четвртфиналето следат потенцијални дуели со Тејлор Фриц, Лоренцо Мусети и Стефанос Циципас. Евентуалното полуфинале носи дуел со Јаник Синер, додека на другата страна се Карлос Алкараз, Александер Зверев и Даниил Медведев, кои би можеле да го дочекаат Новак во евентуалното финале!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз: Никогаш не сум го видел Медведев да игра вака

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз за прв пат загуби оваа сезона, по 16 победи и …