Дома Фудбал Марка: Овој Реал вистинска срамота

Марка: Овој Реал вистинска срамота

Во осминафиналето на шпанскиот Куп на кралот, фудбалерите на Реал го запишаа поразот во првиот натпревар под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа. Кралевите на гостувањето кај второлигашот Албасете загубија со резултат 2:3. Домаќинот го отвори резултатот преку Хави Виљар, а изедначи Франко Мастантуоно. Во 82-та минута, нов гол за домашниот тим постигна Јефте Бетанкор, а Гонзало Гарсија повторно изедначи во 91-та, но Бетанкор во последните минути забележа гол за комплетната сензација.

Овој резултат посебно одекна во шпанските медиуми. Водечкиот мадридски весник Marca во својот извештај од натпреварот го наслови: „Овој Реал (Мадрид) е вистинска срамота“. Во друга анализа на натпреварот, се заклучува дека играчите на Реал ги очекуваат свирежи на домашен терен во саботата, кога играчите на Арбелоа играат против Леванте.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Најлошото што можеше да му се случи на Реал Мадрид беше кога по првите 20 минути од натпреварот се појави магла која го обвиваше стадионот Карлос Бељмонте. Ова ја разоткри срамната игра која ги исфрли од Купот на кралот. Кризата во Реал Мадрид достигна невидени размери, во три дена изгубени се два трофеи, еден тренер е отпуштен, а другиот веќе започна со лоши резултати.

Реалноста е дека играчите, не сите, но голем дел од нив, не беа задоволни од новиот тренер. Не очекуваа чуда од промената од Чаби до Арбелоа преку ноќ, но се надеваа барем на промена во односот на играчите. Ништо од тоа. Единствената промена се случи во однесувањето на тренерот.

Наместо изразот на загриженост на Чаби, Арбелоа седеше на клупата, делувајќи како да сака да ја промени атмосферата во соблекувалната. Меѓутоа, тренерот изненади сите со настапот на конференцијата за медиуми, каде што беше претерано љубезен кон играчите и дури им се заблагодари.

Во текот на целиот натпревар, Реал Мадрид беше потполно неефикасен, сведен на Винициус, кој не направи ништо импресивно. Со оваа игра, како Чаби да беше уште на клупата. Ниту Валверде не понуди нешто поинакво. А Мастантуоно, чие единствено светло нешто беше голот, едвај ги подигна своите оценки.

Од 0 до 1. Неговата игра беше неверојатно слаба, разочарувачка и не ја оправдува фактот дека, иако има само 18 години, не застана против поранешниот тренер. Во сабота се враќаат на Бернабеу. Ги чека тежок период“, наведува Марка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го понижуваше со години, па синоќа ја дочека најслатката одмазда и плачеше како мало дете (Видео)

Реал Мадрид синоќа сензационално испадна од Кралскиот куп бидејќи беше поразен на гостувањ…