Дома Фудбал Јувентус гледа кон Манчестер, најде човек кој игра и лев и десен бек

Јувентус гледа кон Манчестер, најде човек кој игра и лев и десен бек

Јувентус бара засилувања на бековските позиции, и се одлучи да тргне по фудбалер кој подеднакво добро може да игра и како лев и како десен бек.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пишува дека главната мета на “старата дама” е Нусер Мазрауи (25) од Манчестер јунајтед.

Станува збор за играч кој во 2024 година премина од Бајерн во Јунајтед за 15.000.000 евра, а во Италија веќе привлече внимание со својата техника и способност да значително придонесе и во напаѓачката фаза.

Останува да се види дали Манчестер јунајтед ќе биде подготвен да го пушти, или Јувентус ќе мора да се обрати на други решенија.

Мазрауи моментално се наоѓа на Африканскиот куп на нации во својата земја и вечерва ќе биде стартер за Мароко во полуфиналниот дуел против Нигерија.

Тој во репрезентацијата игра лев бек, бидејќи на спротивната страна игра најдобриот на планетата на таа позиција, Ашраф Хакими, додека во клубот претежно ги покрива бековските позиции на десната страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…