
Новак Ѓоковиќ по вчерашната прва сесија во Мелбурн, го закажа и вториот тренинг, но тој се покажа како прилично краток.
На првиот тренинг спарингуваше со Јиржи Лехечка и потоа се врати на теренот во пет часот попладне за вториот тренинг.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На поголемиот дел од тој краток тренинг, Ѓоковиќевиот тренер Милјан Амановиќ го масираше вратот на Новак, што не е нешто вонредно.
Сепак, Новак помина најмногу од времето во разговор со својот тим и потоа многу брзо облече дуксер и го напушти теренот.
Австралија опен започнува во недела, на 18-ти јануари. На првиот гренд слем во сезоната Новак има подигнато трофеј 10 пати.
.🇨🇦✍️@DjokerNole се врати на теренот 10 за втора сесија во 5 часот попладне.
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) January 14, 2026
Таа траеше само … 12 минути.
Дел од тоа времето беше потрошено на манипулација на вратот на Србинот од страна на неговиот тренер. Имаше сите негови прсти и дури и палецот доби голем притисок. Делуваше доста болно.” pic.twitter.com/pgfrS2JiWI