
Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Лион, би можел да се врати во Реал Мадрид откако мадридскиот клуб ја прекина соработката со тренерот Хаби Алонсо. Иако постои опција за негово враќање, таквиот расплет се смета за малку веројатен.
Деветнаесетгодишниот напаѓач под водството на Алонсо, кој ја презеде клупата во летото 2025 година, забележа само четири настапи за Реал. Проблемите со повреди дополнително ја отежнаа ситуацијата за младиот играч. Неговиот последен натпревар во Ла Лига беше на 7 декември против Селта Виго, кога беше и исклучен, а погодок за кралскиот клуб не постигнал од 1 април 2025 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Алонсо беше сменет во понеделник, ден по поразот на Реал од Барселона во финалето на Суперкупот во Саудиска Арабија. Со оглед на тоа што клубот наскоро ќе добие нов тренер, а тимот привремено го води Алваро Арбелоа, се отвори можност и за враќање на Ендрик. Потврдено е дека во договорот за позајмица постои клаузула за враќање, но таа мора да се активира до 20 јануари.