
Поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Ливерпул и француската репрезентација Мамаду Сако (35) официјално ја објави својата пензија од фудбалот. Тој го соопшти ова на теренот на Паркот на принцовите пред почетокот на куп натпреварот помеѓу ПСЖ и Париз ФК, клуб каде што ја започна својата фудбалска кариера.
“Сакав да им се заблагодарам на сите. Сакав официјално да го објавам моето пензионирање. Ви благодарам Паркот на принцовите. Благодарам Париз ФК. Без Париз ФК, немаше да има ПСЖ за мене”, рече Сако.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Своето фудбалско патување го започна во Париз ФК, а на 12 години премина во ПСЖ. На Паркот на принцовите стана најмладиот капитен во историјата на Лига 1 на возраст од 17 години и 8 месеци, и го изгради своето име во тој клуб. По ПСЖ, премина во Ливерпул, играше и за Кристал Палас, Монпеље и грузискиот Торпедо. За француската репрезентација забележа 29 настапи и постигна два гола.
Кариера која заврши на твоето место, на Паркот!
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 12, 2026
Ви благодариме за сè, Мамад’! ❤️💙 pic.twitter.com/Rl3VEFxqhK