Дома Фудбал Распад систем во Мадрид: Чаби побара еден фудбалер, а доби сосема друг, па го одби барањето на Перез

Распад систем во Мадрид: Чаби побара еден фудбалер, а доби сосема друг, па го одби барањето на Перез

Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид, а денес се појавија нови информации.

Најпрво, новата вест е дека летово Ќаби Алонсо побарал доаѓање на играч за врска, и најголема желба му бил – Мартин Зубименди. Бидејќи имал врска со Реал Сосиедад, својот матичен клуб, можел да го “заврши” тој трансфер, но Флорентино Перез не сакал да влезе во трка со Арсенал. Перез остана на својот став, ако некој играч се двоуми и избира помеѓу Реал и некој друг клуб, тогаш и не треба да дојде, и на тој начин, Шпанецот заврши кај Микел Артета.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наместо Зубименди, Перез одлучи да доведе играч со различен профил, Франко Мастантуоно, кои се официјален играч за врска и во таа позиција има многу поголема “гужва” отколку во дефанзивниот дел од средниот ред.

Втор проблем, односно пречка, беше одлуката на Алонсо да не го прифати барањето на Флорентино Перез да го врати во кондициониот тим Пинтус, кој беше долгогодишен кондиционен тренер, но ова тој го одби. Перез тоа не го прифати добро, бидејќи Алонсо испрати изворна порака “мојот стручен штаб е комплетиран и јас одлучувам кој ќе биде таму”.

Важно е да се напомене дека Антонио Пинтус беше во стручниот штаб на Зинедин Зидан од 2016 до 2019 година, исто така подоцна кај Карло Анчелоти од 2021 до крајот на минатата сезона, токму кога дојде Алонсо. Исто така, треба да се напомене дека Реал Мадрид со него освои четири Лиги на шампиони.

За крај, мадридските медиуми тврдат дека по реакцијата на некои поединци ќе се види веќе во наредните натпревари дека не сакаа да играат за Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков пресврт: Распадори се враќа во Италија, но не во Рим!

Денови наназад се зборуваше дека Џакомо Распадори ќе стане нов напаѓач на Рома, но тој нам…