Дома Фудбал Неверојатен проектил на Собослај, Слот во чудо (ВИДЕО)

Неверојатен проектил на Собослај, Слот во чудо (ВИДЕО)

Ливерпул обезбеди место во шеснаесетфиналето на англискиот ФА куп откако го победи третолигашот Барнсли со 4:1 на својот „Енфилд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Домашниот тим поведе во деветтата минута со евроголот на Доминик Собослај кој можете да го погледнете во видеото во продолжение, а во 36. минута Џереми Фримпонг постигна гол за 2:0. За двата гола асистираше Алексис Мек Алистер.

Адам Филипс донесе малку надеж за гостите во 40. минута, но Ливерпул ги реши сите сомнежи со уште два гола во следните минути. Флоријан Вирц постигна гол за 3:1 по асистенција од Уго Екитике, а во третата минута од продолжението ги сменија улогите. Вирц асистираше, а Екитике постигна гол.

„Црвените“ следниот натпревар ќе играат против Брајтон енд Хоув Албион, кој го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“ во неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски за ремито со БиХ: Момците заслужуваат пофалби

Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови против Босна и Херцеговина во приј…