Дома Фудбал Мбапе се прости од Алонсо – еве што напиша

Мбапе се прости од Алонсо – еве што напиша

Од неделата, Чаби Алонсо (44) веќе не е во тренерскиот тим на Реал Мадрид, потврдија официјално од Кралскиот клуб. Договорот бил раскинат со заедничка согласност, веднаш по поразот од 3:2 против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Негова замена ќе биде Алваро Арбелоа (42).

Откако таа вест стигна до јавноста, Килијан Мбапе испрати емотивна порака преку својот Инстаграм профил. Францускиот напаѓач изрази колку му било задоволство, иако за кратко, да работи под водството на Алонсо и да учи од него. Тој му заблагодари на довербата од првиот ден и му посака многу среќа во понатамошниот дел од кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Иако кратко, ми беше големо задоволство да играм под ваше водство и да научам од вас. Ви благодарам за довербата уште од почетокот. Ќе ве паметам како тренер со јасна визија и длабоко познавање на фудбалот. Ви посакувам многу среќа во следната фаза“, напиша Мбапе на неговиот Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со еден потег Перез спасил милиони од отказот на Алонсо – еве што направил!

Чаби Алонсо, кој ова лето потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, го напушти тимот на п…