Дома Фудбал Алонсо ги изненади навивачите на Реал и фудбалскиот свет со коментарите по поразот од Барселона

Алонсо ги изненади навивачите на Реал и фудбалскиот свет со коментарите по поразот од Барселона

Барселона синоќа го освои трофејот од шпанскиот Суперкуп бидејќи во фантастичното финале го победи Реал Мадрид со 3:2, а јавноста во Шпанија шушка за зборовите на Чаби Алонсо по поразот на неговиот тим во Ел Класико.

Алонсо смета дека овој пораз не е толку тежок бидејќи станува збор за финале во најмалку важниот натпревар, но навивачите на Реал не имаа милост кон него поради тоа и сметаат дека нема да биде изненадување ако набргу добие отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога го примивме третиот гол, бев 100% уверен дека имаме шанси да изедначиме. И ги имавме, но топката едноставно не сакаше да влезе во гол“, рече Алонсо на почетокот и продолжи.

„Мораме да свртиме нов лист што побрзо. Ова е само еден натпревар и тоа натпревар од Суперкупот. Од сите натпреварувања во кои учествуваме, овој беше најмалку важен. Мораме да продолжиме понатаму, да се опоравиме, да го кренеме моралот и да се фокусираме на она што доаѓа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Бразил се појави ново 16-годишно „чудо од дете“, но никој не верува во неговата возраст!

Во последните години, бразилскиот гигант Палмеирас имаше значаен финансиски успех продавај…