Дома Фудбал Погледнете го потегот на Мбапе со кој ги спречи соиграчите да направат шпалир

Погледнете го потегот на Мбапе со кој ги спречи соиграчите да направат шпалир

БАРСЕЛОНА триумфираше против Реал со 3:2 во Саудиска Арабија и го освои Суперкупот на Шпанија. Главната тема по Ел Класико беше однесувањето на Килијан Мбапе по крајот на мечот. Првин, на Реал му беа доделени медали за финалист, при што играчите на Барселона создадоа почесен шпалир за ривалите. Потоа следуваше церемонијата за доделување на медалите и трофејот за победниците, но играчите на Реал не возвратија на истиот начин.

Клучен фактор според каталонските медиуми беше Килијан Мбапе. Mundo Deportivo под наслов “Незрело однесување на Мбапе – ги советуваше играчите да не и плескаат на Барселона”, известува: “Играчите на Барселона направија почест за Реал, но потоа Французинот три пати им рече на соиграчите да не ја аплаудираат по победата и им советуваше да ја напуштат церемонијата за доделувањето на трофеите.”

Незрел, разочаран губитник

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Барселона велат: “Мбапе покажа однесување на незрел, разочаран губитник, што предизвика гнев меѓу навивачите на Барселона на стадионот во Џеда. Посебно бидејќи играчите на Барса покажаа почит кон ривалите.”

Mundo Deportivo заклучува: “Некои од соиграчите на Мбапе го послушаа неговиот несупроводен совет, додека други сепак покажаа респект кон Барселона за време на нејзиното славје.”

Каталонската TV3, со објавата на видео од потегот на Мбапе, додава: “Мбапе е лош губитник. Тој побара од соиграчите да не формираат почесен шпалир за играчите на Барселона. Тие го послушаа, и Барса така остана без чест, која ја исклучува почит кон победникот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер шокираше со крвнички старт – доби доживотна суспензија!

Катастрофален старт ја шокираше планетата: Оставка, доживотна забрана од фудбал и парична …