
Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудиска Арабија дополнително ја поттикнаа приказната за неговото останување на Камп Ноу и по завршувањето на сезоната.
Имено, спортскиот директор на Барселона Деко се сретнал со агентот на Рашфорд во луксузниот хотел Риц-Карлтон во Џеда, каде што во моментот се наоѓа каталонскиот клуб поради обврските во Суперкупот на Шпанија.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако состанокот бил неформален, јасно било ставено на знаење колку е Барселона задоволна од адаптацијата на Рашфорд, како на теренот, така и надвор од него.
Иако конечната одлука сè уште не е донесена, во клубот сериозно се разгледува активирањето на опцијата за откуп од Манчестер Јунајтед вредна 30 милиони евра.
Сето ќе зависи од потребите на тимот и финансиската рамка во која ќе се наоѓа Барселона во текот на летото, но внатрешно Рашфорд ужива голема доверба.
Во каталонскиот клуб го гледаат како вредна долгорочна инвестиција која би можела да биде важен столб во нападот во наредните сезони.
Самиот Рашфорд, пак, останува целосно насочен кон своите настапи и игрите во дресот на Барселона, свесен дека неговите партии на теренот директно влијаат на одлуката на клубот.