
Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата, со променливи игри.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последната титула ја чекаат од заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година. Тренерите се менуваат, а резултати нема. Во сезона без Европа, сега се очекува именување на наследникот на Рубен Аморим.
Порталот Caughtoffside објави потенцијална трансфер бомба. Сопствениците на Јунајтед, нема да жалат пари за доведување на Кол Палмер од Челзи. Односно, би можеле да го срушат трансфер рекордот вреден над 100 милиони евра.
Палмер во Челзи досега на 109 натпревари даде 47 голови и 29 асистенции од кога се пресели од Сити за 47 милиони евра.