
Арсенал веќе активно го планира летниот трансфер период, а едно име особено се истакнува на листата на желби на Микел Артета. Станува збор за десниот бек на Њукасл Јунајтед и англиската репрезентација, Тино Ливраменто.
Шпанскиот стратег сака дополнително да ја засили конкуренцијата во одбраната, а Ливраменто совршено се вклопува во профилот на модерен бек каков што Артета бара. Неговата брзина, енергија и техничка умешност го прават исклучително ценет на Островот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Според извештаите на англиските медиуми, Арсенал веќе подолго време го следи развојот на 23-годишниот дефанзивец. Скаутите на лондонскиот клуб редовно ги следат неговите настапи во дресот на Њукасл.
Њукасл е свесен за интересот за нивниот играч и не планира лесно да се откаже од него. Минатата година се спомнуваше сума поголема од 60 милиони фунти, што во евра изнесува околу 70 милиони.