Дома Фудбал Мaнчестер му ветува 4 милиони евра на Солскјер за пласман во топ 4

Мaнчестер му ветува 4 милиони евра на Солскјер за пласман во топ 4

Манчестер Јунајтед ќе му плати на Оле Гунар Солскјер речиси 4 милиони фунти бонус, ако Норвежанецот успее да ги однесе „црвените ѓаволи“ до учество во Лигата на шампионите, известуваат британските медиуми во петокот. Специјалистот е пред враќање на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната по отпуштањето на менаџерот Рубен Аморим порано оваа недела.

Неделната плата на Солскјер би достигнала најмногу до 60 илјади британски фунти за време на неговиот втор престој на чело на 20-кратните шампиони на Англија. Севкупните годишни примања на Норвежанецот ќе бидат околу 3 милиони фунти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оле Гунар Солскјер добиваше по 7,2 милиони фунти по сезона за време на неговиот прв престој во Јунајтед од 2018 до 2021 година.

Во моментот тимот од Манчестер е воден од Дарен Флечер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…