Дома Фудбал Јасни се деталите за новиот договор на Упамекано со Баерн, постои важен детал

Јасни се деталите за новиот договор на Упамекано со Баерн, постои важен детал

Продолжувањето на договорот на Даио Упамекано со Баерн Минхен веќе е практично сигурно и неговото објавување е прашање на денови.

Сегашниот договор на Французинот истекува на крајот од сезоната и доста тимови внимателно го следеа развојот на ситуацијата, но на крај 27-годишниот дефанзивец одлучи да остане кај баварците.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По тој повод, деталите за новиот договор беа откриени од „Билд“ и „Екип“. Упамекано ќе потпише до 2030 или 2031 година, и ќе стане еден од најплатените играчи на Баерн со годишна бруто плата блиску до 20 милиони евра. Фудбалерот ќе добие и солиден бонус за продолжувањето на договорот што исто така ќе изнесува 20 милиони евра.

Важен детал е дека Упамекано и неговиот агент успеале да договорат фудбалерот да има откупна клаузула во новиот договор. Таа ќе изнесува 65 милиони евра и според „Екип“, таа ќе биде валидна од летото 2027 година. Така, францускиот репрезентативец сепак оставил отворање за евентуален трансфер во друг клуб, а клаузулата ќе му обезбеди сигурност за иднината.

Информациите се дека тренерот на Баерн Венсан Компани бил клучен фактор во одлуката на Упамекано да го продолжи договорот со клубот. Двајцата имале разговор во последните неколку недели и белгискиот стручњак уште еднаш го изразил своето признание и желбата да работи со одбранбениот играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…