Дома Фудбал Реал Мадрид доби одлични вести пред големото „Ел Класико“ во финалето!

Реал Мадрид доби одлични вести пред големото „Ел Класико“ во финалето!

Барселона и Реал Мадрид во недела ќе се борат за првиот трофеј во сезоната, Шпанскиот Суперкуп, што ќе се одржи во Џеда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато, Барса пред два дена доминираше над Атлетик Билбао со 5:0, а Реал синоќа го совлада Атлетико Мадрид во големото мадридско дерби со резултат 2:1.

Така, в недела повторно ќе имаме Ел Класико. Непосредно по триумфот синоќа, тренерот на Реал, Чаби Алонсо, донесе одлични вести за својот тим.

Имено, Килијан Мбапе, чие учество на Шпанскиот Суперкуп беше доведено во прашање поради повреда, се враќа во составот и ќе конкурира за неделното финале против Барселона.

“Ќе допатува во Саудиска Арабија во наредните 24 часа. Се чувствува многу подобро и има подеднакви шанси да заигра како и останатите во тимот,” изјави Алонсо.

Да потсетиме, Мбапе е најдобриот стрелец на Реал оваа сезона, со постигнати 29 головa во 24 натпревари во сите натпреварувања, на што додаде и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…