Дома Фудбал Никогаш поголем притисок врз Алонсо: Тоа ти е последна шанса!

Никогаш поголем притисок врз Алонсо: Тоа ти е последна шанса!

Чаби Алонсо пристигнува во Џеда со притисок каков што ретко кој чувствува во првите месеци на клупата на голем клуб. Тренерот на Реал Мадрид знае дека сегашната ситуација не му е само тест, туку можеби последна шанса да ја спаси својата работа.

Резултатите и играта на Белите оваа сезона веќе доведоа до шепоти во ходниците на Сантијаго Бернабеу. Клубот е загрижен, а критичарите не ги кријат сомнежите: Алонсо е на тенок мраз и секоја грешка во Суперкуп би можела да значи крај на неговиот мандат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првиот противник во полуфиналето е стариот ривал Атлетико Мадрид. Тимот кој веќе оваа сезона му ги покажа слабостите на Реал. Победата или поразот во овој меч нема да биде обичен резултат; тој носи тежина на целата сезона и одлуката за иднината на шефот на струката.

Освен спортските предизвици, Реал се бори и со здравствени проблеми на играчите. Повредите и физичката состојба на тимот дополнително ја комплицираат ситуацијата.

Чаби Алонсо е познат по својот мир, но нема сомнение дека ќе му биде многу тешко да ги следи случувањата во утрешното полуфинале и знае дека нема да биде лесно да се дојде до трофејот, особено бидејќи во финалето би можела да го чека Барселона, но се тврди дека овој пат нема избор.

Борбата во Саудиска Арабија за трофејот во Суперкупот за Алонсо воедно е и борба за останување на клупата на тимот кој го презеде тек минатото лето, а наидов на куп проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пристигнувањето на Кансело во Барселона се одложува засега

Десниот бек Жоао Кансело беше очекуван денес во Барселона за медицински прегледи и да го ф…