Дома Фудбал Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Од Манчестер Јунајтед веќе се поврзале со Оле Гунар Солскјер во врска со можноста тој да го преземе тимот по отпуштањето на Рубен Аморим, известува новинарот Флоријан Плетенберг од “Скај”. “Црвените ѓаволи” разговарале и со Мајкл Карик, кој е друга опција за управата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес Оле беше снимен насмеан во областa на Чешир во близина на Манчестер, што понатаму ги засили шпекулациите дека тој може повторно да го преземе тимот од “Олд Трафорд”. Во случајов, раководството бара привремен менаџер со краткорочен договор – на пример, само до крајот на сезоната.

52-годишниот Норвежанец е без работа, откако беше отпуштен од Бешикташ на почетокот на оваа сезона, бидејќи не успеа да го квалификува тимот во групната фаза на Конференциската лига.

За време на своето време во Јунајтед како менаџер, Солскјер го однесе клубот до трето, а потоа второ место во Премиер лигата во 2019/20 и 2020/21, до финалето на Лига Европа во 2021 г. (загубено од Виљареал), но беше отпуштен во ноември истата година, кога тимот беше на 7-мо место во првенството.

Мајкл Карик пак играше во клубот 12 години и интересно е дека беше привремен тренер на Јунајтед по отпуштањето на Солскјер. Тој е без работа од минатото лето, по две сезони и пол како шеф на Мидлсбро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрибините на натпреварот Јужна Кореја – Чешка беа полупразни, а ФИФА вели дека биле полни

Фудбалерите на Јужна Кореја успеаја да ја надминат Чешка со резултат 2:1 во првото коло од…