Дома Останати Кошарка Официјално: Ненад Димитријевиќ има нов клуб!

Официјално: Ненад Димитријевиќ има нов клуб!

Германскиот кошаркарски великан Баерн Минхен и официјално го објави ангажманот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој доаѓа како замена по заминувањето на Спенсер Динвиди.

Димитријевиќ стави потпис на договор со баварскиот клуб до крајот на актуелната сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште една година. По успешно поминатите медицински прегледи, македонскиот плејмејкер беше промовиран како ново засилување и ќе настапува со дресот со бројот 9.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првата изјава како играч на Баерн, Димитријевиќ истакна дека повикот од Минхен бил одлучувачки.

„Баерн е извонредно организиран клуб и врвен тим. Кога тренер како Светислав Пешиќ ќе те побара, тоа е голема чест и одлука која се носи без двоумење“, порача македонскиот кошаркар.

Ненад Димитријевиќ зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи за клубови како Хувентуд, Валенсија, Уникс Казан, Олимпија Милано и Зенит од Санкт Петербург, а сега кариерата ја продолжува во дресот на германскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проклетството од кое се плаши целата Евролига – никој не сака да биде прв!

Во модерната Евролига постои мит дека првопласираниот на крајот на редовниот дел нема да б…