Дома Фудбал Шкендија се засили со фудбалер на Клуж

Шкендија се засили со фудбалер на Клуж

Дефанзивниот играч за врска Дрилон Ислами и официјално е промовиран како ново засилување на Шкендија, која реализира еден од највпечатливите трансфери во актуелниот зимски преоден рок.

25-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на романскиот Клуж, а во изминатиот период беше многу блиску до договор со косовскиот шампион Балкани. Сепак, преговорите меѓу двете страни не резултираа со конечен договор, по што трансферот не се реализираше.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По пропаѓањето на таа опција, Шкендија експресно реагираше и влезе во конкретни разговори со Ислами, кои брзо вродија со плод. Клубот од Тетово го комплетираше трансферот, а дефанзивниот играч за врска стави потпис и се приклучи на новите соиграчи.

Ислами се очекува да биде едно од најзвучните имиња меѓу зимските засилувања на тетовчани и сериозно да го зголеми квалитетот и конкуренцијата во средниот ред. Во досегашната кариера настапуваше исклучиво во Косово, каде го носеше дресот на Приштина, Феризај и Дрита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…