Дома Фудбал Гвардиола повторно има маки: Сити принуден да троши пари и во јануари?

Гвардиола повторно има маки: Сити принуден да троши пари и во јануари?

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ќе имаат многубројни проблеми во претстојниот период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реми со Челси и -6 во однос на Арсенал не е единствената лоша вест, бидејќи на списокот на повредени сега се и Јошко Гвардиол и Рубен Дијаш. Ситуацијата е многу полоша кај Гвардиол, се стравува дека станува збор за предни вкрстени лигаменти, но денешните прегледи ќе го утврдат степенот на повредата. Јасно е дека и Гвардиол и Дијаш мораат на пауза, така што Пеп сега не може да смета на дури девет играчи.

Џон Стоунс одамна е повреден, исто како и Матео Ковачиќ, а од неодамна повредени се и Оскар Боб, Савињо и Нико Гонзалес. На тоа треба да се додаде дека Омар Мармуш и Рајан Аит-Нури сè уште се на Афричкиот куп на нации, така што Пеп тешко ќе состави конкурентен тим во наредниот период.

Се знае дека наскоро и официјално ќе пристигне Антоан Семенјо, но е јасно дека Сити ќе мора на пазарот за да побара и дефанзивец. Марк Геи од Кристал Палас одамна е мета, бидејќи на лето станува слободен играч, па Сити во јануари би можел да го доведе за „ситно“.

За сега, Пеп може да смета само на Нејтан Аке, додека нема некаква доверба во Абдукодир Хусанов, кој исто така беше повреден, а по враќањето главно седеше на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците го објавија писмото добиено од Инфантино, иако е пракса тоа да не се прави

Фудбалската федерација на Аргентина реши јавно да го објави писмото од претседателот на ФИ…